Територијата на Македонија во следните денови ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Африка, и истата ќе услови МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели температурите ќе надминат 35 степени, односно температурите во најтоплите централни и југоисточни предели се очекува да се искачат некаде помеѓу 36 и 38 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
И во Скопскиот регион времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и МНОГУ ТОПЛО. Сепак во попладневните часови можна е само ретка појава на нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 35 степени.
УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следните денови ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето и да пијат што повеќе течности.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki