ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА БАЛКАНОТ – И ТОА ВО СЛОВЕНИЈА
Во текот на вчерашниот ден падна првиот снег на Балканскиот Полуостров, и тоа на Кредарица, Словенија која се наоѓа на надморска височина од 2514 метри. Ова и не е нешто невообичаено за овој дел од годината за Словенија и Балканот токму поради тоа што Балканот е на директен удар на студените воздушни маси од север и од Алпскиот регион.

Токму ова се должи на студената воздушна маса, која изминатите денови го зафати Алпскиот регион и токму во овие предели услови интензивни снежни врнежи и значителна снежна покривка, снегот на Француските алпи веќе надминува и 20 сантиметри.
Овој студен воздушен бран во следните неколку денови ќе се почуствува и кај нас, но не со толку голем интензитет што значи и поркај падот на температурите сепак ќе продолжи релативно топлото време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Повремено ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.
За нови, по потреба и обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]

by