ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО ХРВАТСКА И ВО БОСНА – ДЕТАЛИ

Денеска во склоп со многу студениот воздух кој продира од Атлантикот кон Балканскиот Полуостров, падна првиот снег во Хрватска и во Босна.

Во Хрватска снег паѓа на планината Велебит, додека во Босна снежни врнежи се забележани на планинскиот врв на планината Бјелашница.

Инаки студениот воздушен бран кој се спушти од Атлантикот, опфати голем дел и од Европскиот Континент и услови невообичано ниски температури на воздухот кој се значително под просекот за овој дел од годината.

Услови за слабо провејување на снег, на највисоките планински врвови кај нас ќе има денес доцна попладне и во вечерните часови.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука