ОЧЕКУВАЈТЕ НОВ АФРИКАНСКИ БРАН – ЗА ВИКЕНДОТ И НА ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ БЛИЗУ 40°C
Во текот на следните денови нашата територија ќе биде под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса која продира од северните предели на Африка.
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, истиот за време на викендот и на почетокот од следната недела ќе засилува. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, најтопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога во најтоплите предели од државава максималните температури ќе се искачат до околу 38, 39 степени.
НАПОМЕНА: Поради високата вредност на УВ ИНДЕКСОТ на граѓаните ги советуваме со себе да си нозат заштитна опрема (капа и наочари за сонце), исто така да се пијат што повеќе течности.
Одсега гледано, освежување на времето ќе има од вторник, кога ќе има и позначителен пад на температурите на воздухот.
За нови, по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]