ОПАСНОСТ ОД НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: ПОНАТАМУ МОЖНА ПОЈАВА НА ГРАД ОД ПОГОЛЕМ ПРЕЧНИК!

објавено на:

27 Јун 2022

од:

сподели:

Во следните денови и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Локално ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник.

Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, а Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината исто така ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево, додека во попладневните часови повремено ќе има услови за локална нестабилност. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.