Од утре ПОТОПЛО време: Погледнете ги очекуваните температури во вашето населено место

Од утре како што и најавивме, нашата територија ќе подпадне под влијание на јужно воздушно струење и под потопла воздушна маса, истата ќе услови пораст на температурите на воздухот и утре максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Со ова температурите се враќаат на оние вредности типични за овој период од годината.

На следната метеоролошка карта можете да ги погледнете очекуваните температури на воздухот за утрешниот ден низ Македонија:

Слични температури се очекуваат и во деновите после утрешниот ден, со исклучок на сабота кога ќе биде нешто посвежо.

Сепак и покрај порастот на температурите на воздухот, не се очекува целосно стабилизирање на времето се до крајот на оваа недела

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука