ОД УТРЕ ПОВЕЌЕ СОНЦЕ, ПОСТАБИЛНО И РЕЛАТИВНО СУВО ВРЕМЕ

Од утре повторно следува период на претежно стабилни, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Повеќе облачност ќе има во среда кога во јужните предели ќе има минимални услови за слаб локален дожд.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23, 24 степени, што значи дека повторно ќе бидат во незначителен пораст.

Одсега гледано, поголемо заладување на времето ќе имаме на почетокот на ноември.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука