Од утре намалување на брзината на ветерот – продолжува периодот на стабилно и суво време – детали

До крајот на денов, особено во јужните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Од утре брзината на ветерот ќе се намали со што ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, односно времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Брзината на ветерот од утре ќе се намали, додека максималната дневна температура во текот на следните денови ќе се искачува до околу 28 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука