ОД УТРЕ НАВЕЧЕР НОВ ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛИ

објавено на:

21 Апр 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, попладне со умерена облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд. Во петок и во сабота ќе имаме претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека од недела времето ќе се стабилизира. Температурите на воздухот особено во петок и во сабота ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на пораст.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.