ОД НЕДЕЛА ПРОДОР НА ПОСТУДЕН ВОЗДУХ ОД СЕВЕР – СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НАУТРО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -3°C И ПОЈАВА НА МРАЗ

објавено на:

22 Окт 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, викендов ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и тоа особено во недела кога и температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и од недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, додека во почетокот од следната недела наутро истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -3 степени, со што на накои места, особено на оние повисоките и планинските места ќе има појава на мраз.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.