ОД МЕДИТЕРАНОТ ДОАЃА ИЗРАЗЕНА НЕСТАБИЛНОСТ И ВЛАЖЕН БРАН – МОЖНО НЕВРЕМЕ

објавено на:

26 Авг 2021

од:

сподели:

Под влијание на изразен влажен воздушен бран и нестабилна облачна маса од Медитеранот, до крајот на денов и во вечерните часови на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На некои места процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

И во Скопскиот регион локално ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално НЕВРЕМЕ со силен ветер и услови за појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвјата.

Потоа од утре следува постабилно и посончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак не се исклучува можноста и тоа особено во попладневните часови за краткотраен локален дожд и грмежи, особено за време на викендот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Инаку, во последите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка и тоа 11 л/м2, и токму во североисточните предели имаше појава на изразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости