Денес од пладневните часови и тоа од запад ќе започнат врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во попладневните и вечерните часови ќе се прошират во најголемиот дел од државава. На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе започне да се зголемува. Локално, особено во западните предели ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог а ќе дува и умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Врнежи ќе има и утре, особено во попладневните и во вечерните часови, поинтензивни истите повторно ќе бидат особено во западните предели од земјава а ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри, особено на запад.
Врнежи ќе има и на почетокот од следната недела кога поради продор на студена воздушна маса од север ќе преминуваат во снег во најголем дел од земјава, особено во вторник.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука