Од денес, па се до вторник нашата територија ќе биде под влијание на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Наутро ќе биде релативно студено, и тоа поради ведрото време и минималните температури понекаде ќе се спуштат и до 0 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Нова промена на времето, зголемување на облачноста и врнежи од дожд ќе имаме од среда попладне и навечер, кога и температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.
И во Скопскиот регион до вторник времето ќе биде стабилно, суво и сончево со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 22 степени, додека од среда навечер, како и во текот на ноќта кон четврток се очекува нова промена на времето и врнежи.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki