Продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Во текот на утрешната ноќ и во сабота претпладне на планинските места, особено на северот и на северозападот ќе има локално провејување на снег.
Утре и во сабота поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува умерен до засилен ветер од еверен правец, најизразен Долж Повардарието. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на осетен пад и максималните дневни, особено за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени. Наутро ќе биде особено студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен.
Во Скопје и околината продолжува периодот на претежно стабилно и суво време. Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер а температурата осетно ќе се намали и максималната дневна за време на викендот се очекува да се искачи до околу 6 степени, додека наутро истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -1 степен.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука