НОВ ВЛАЖЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ – ДЕТАЛИ
До крајот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од -1 до 8 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Потоа во текот на утрешниот ден ќе се задржи претежно стабилно и суво време, додека од вечерните часови па за време на викендот следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде за време на овој влажен бран локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. За време на викендот ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер и тоа во сабота од северозападен, а во недела од југоисточен правец.
Температурите особено за викендот ќе бидат во понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]