НОВ ВЛАЖЕН БРАН КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ СЕ ОЧЕКУВА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ДЕТАЛИ
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено на планинските места ќе има услови за локално провејување на снег, додека на пониските места со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променлвиво облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.
Потоа утре и во петок ќе се задржи променлвиво облачно време со сончеви периоди и со услови за локални слаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Нов влажен бран кој ќе донесе ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег на планините и на некои повисоки места се очекува за време на викендот.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]