НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃААТ НОВИ ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ, ПРОСЛЕДЕНИ СО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И УСЛОВИ ЗА ГРМЕЖИ

Под влијание на изразена циклонска активност и влажен воздушен бран, во текот на претстојната ноќ како и утре времето во државава ќе биде облачно со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и локално повторно се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 40 л/м2), особено во западните  и во северозападните предели од државава.

Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, силен ветер (над 70 км/час) и појава на грмежи. Услови за врнежи од снег ќе има само на највисоките планински места во северозападните предели.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради новите интензивни врнежи кои надоаѓаат, можно е ново понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава. особено во северозападните  и западните предели. Ќе има услови и за локално нивно излевање и локални поплавувања, затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Потоа од вторник па натаму, нашата територија полека ќе подпаѓа под влијание на студена воздушна маса која во следните денови ќе услови ГОЛЕМО опаѓање на температурите на воздухот, северен ветер и услови за врнежи од дожд кој полека ќе поминуваат во врнежи од снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука