Под влијание на циклонска активност во текор на утрешниот ден ќе имаме претежно облачно време. Во текот на денот воздушниот притисок значително ќе се намали, а ќе започне да дува и ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет со брзина од над 70 км/час.
Во попладневните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд, кој во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината овој циклонски систем исто така ќе донесе врнежи од дожд утре доцна попладне и навечер. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.
Потоа на почетокот од следната недела, односно до вторник ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет. Стабилизирање на времето и многу повеќе сонце како и потопло ќе биде од среда.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука