НОВА ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА – МОЖНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ
Веќе утре попладне и во вечерните часови кај нас се очекува локално детсбаилизирање на атмосферата, одноно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со град, засилен ветер и електрични празнења.
Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмеж и засилен ветер, особено во попладневните часови и навечер ќе се задржи и во вторник. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Значително постабилна атмсофера ќе имаме од среда кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]