НОВАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ПОИНТЕНЗИВНИТЕ ВРНЕЖИ СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС!

објавено на:

04 Окт 2021

од:

сподели:

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро ќе биде релативно СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа од среда и тоа особено навечер и во текот на ноќта кон четврток следува ПОЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас. Облачноста ќе се зголемува и од запад ќе се прошират врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели, каде особено во четврток и во петок локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Ќе дува и слаб до умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденицја на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и од четврок ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток следува промена на времето проследена со врнежи од дожд и со опаѓање на температурите на воздухот. Максималните дневни температури особено од четврток ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 16 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]