Ни следуваат два стабилни денови со МНОГУ СОНЦЕ – Потоа повторно појава на локална НЕСТАБИЛНОСТ!

објавено на:

14 Јун 2022

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови за локална појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за краткотраен пороен дожд и грмежи, а максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека повторно услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во петок како и за време на викендот.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.