НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: ОД ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО!
Од претстојната ноќ започнува ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ на времето кај нас. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи дали да продолжи летното сметање на времето.
„Задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 до 3,5 проценти за грејната сезона“, информираа од Владата во вторникот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Инаку времето и во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Температурите остануваат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.