Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа за време на викенднот повторно ќе има локална појава на нестабилност, особено во попладневните часови проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека од понеделник се очекува постабилно и посончево време. Исто така во недела и во понеделник, особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука