Нестабилното време продолжи: Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Битола – детали

објавено на:

07 Јун 2020

од:

сподели:

Во текот на изминатите 24 часа кај нас продолжи нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Поизразена влажна и нестабилна воздушна маса во текот на вчерашното попладне го зафати Пелагонискиот дел па така најмногу дожд наврна во Битола, и тоа 10 л/м2. Потоа следува Пожаране каде што наврнаа 7 л/м2 воден талог, во Претор наврна 5 л/м2, во Прилеп исто така наврнаа 5 л/м2, во Охрид 2 л/м2.

На другите места количеството на воден талог беше помало од 1 литар.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости