НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Подгответе се за ВИСТИНСКО ЛЕТО – но и за повремена и локална попладневна НЕСТАБИЛНОСТ!

Во периодот кој што следува, односно во неделата која е пред нас и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка, температурите ќе бидат се повисоки, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните часови, и тоа особено во планинските региони ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Барем одсега гледано, значително понестабилно ќе биде во петок и во сабота кога во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите има услови да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Што се однесува до температурите, тие во текот на неделава која што ни претстои, и тоа минималните ќе се спуштаат во интервалот некаде од 4 до 10 степени, додека кон крајот на неделава истите ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Од средината на неделава па натаму, во најтоплите предели, односно во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури ќе се искачат до околу 30 степени, или малку над таа вредност.

И во Скопје и околината во следните денови ќе биде се потопло, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека особено кон крајот на неделава ќе растат условите за попладневна нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Со огледна оваа најнова метео анализа, полека но сигурно се приближуваме кон летниот топол период од годината, а пред нас е и првиот поизразен топол бран со потекло од северна Африка, и истиот како што погоре кажавме, особено во најтоплите предели ќер услови температури и до 30 степени, а можни се температури и малку повисоки од таа вредност. Сепак во попладневните часови, да не ве изненади попладневен краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во планинските предели. Поголема нестабилност како што кажавме се очекува во петок и во сабота.

 

 

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki