НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: НАДОАЃАЊЕ НА НОВА ТУРА НА ГОЛЕМА ТОПЛИНА И ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ – ИНДЕКС!
Во текот на оваа седмица, и тоа под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места, и тоа особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Позначителен пораст на температурите ќе има веднаш по 15 јули, односно од викендот кој доаѓа кога ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка и температурите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени.
Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно и суво време, со многу повеќе сонце. Сепак и во следните денови ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени, додека значително потопло ќе биде од викендот кој доаѓа, поточно веднаш по 15 јули кога температурата и во Скопскиот регион ќе надминува 35 степени.
НАПОМЕНА: Со надоаѓањето на МНОГУ ТОПЛИОТ бран од Африка и Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНИ ВРЕДНОСТИ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Променливото време продолжува и во почетокот на новата работна седмица. Утре (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така во вторник ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно [...]