Во текот на оваа седмица и понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала локална облачност.
Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежо од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 11 степени, додека максималните дневни и понатаму ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Наутро во котлината ќе има услови за појава на магла со температура до околу 7 степени, додека во текот на денот температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki