НЕВРЕМЕ СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА – МОЖНИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА!

објавено на:

26 Мај 2022

од:

сподели:

Во следните часови во Македонија ќе има услови само за изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне па за време на викендот времето ќе биде особено нестабилно во најголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застепени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој ќе услови ПОГОЛЕМО количество на воден талог за многу кратко време (можност за локални поплавувања), силен ветер, силни и чести електричи празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и од поголем пречник.

Температурите и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од Африка остануваат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите за неколку степени ќе има во недела и тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

 







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]