Од вечерва како што веќе најавивме ќе започнат нови врнежи од дожд и тоа од запад, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка повторно значително ќе се зголеми.
Утре под влијание на многу постуден воздух кој се спушта од Арктикот, и тоа особено во попладневните и вечерните часови ќе услови ГОЛЕМО ЗАПАДУВАЊЕ на времето и врнежите од дожд ќе преминат во снег во најголем дел од Македонија. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, особено утре доцна попладне и навечер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, меѓутоа од попладневните часови истите ќе бележат тенденција на големо опаѓање.
Локални послаби врнежи од снег ќе има и во среда, додека во четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и студено.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени во најтоплите предели од државава.
За време на овој продор на студен бран ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и понекаде истиот ќе достигнува брзина од над 90 км/час, додека пак на повисоките места снежната поркивка ќе се зголеми за над 20 сантиметри, на планините и за повеќе. На пониските места понекаде ќе се формира снежна покривка од над 10 сантиметри.
Утре, особено попладне и навечер снег се очекува и во Скопје и околината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси, особено на повисоките места и на планините, додека поради наглото заладување на времето и спуштањето на температурите на воздухот под нулата ќе има појава на голомразица. Токму поради ова граѓаните, исто така и возачите да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука