Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во текот на неделата која што ни следува ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време, а ќе биде и значително постабилно и посончево, иако во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се спушаат и до близу 20 степени, што значи топло ќе биде и во утринските часови.
Максималните дневни температури, особено од вторник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели во текот на неделата истите се очекува да надминат и 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, а понекаде дури и 11 па на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето.
Кратка најава за претстојното лето: Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со МНОГУ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ и чести продори на топлотни бранови од Африка кој ќе условуваат температури до околу, па дури и над 40 степени и тоа во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, а повремено може да се очекуваат и ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (интензивен пороен дожд, можност за локални поплавувања, електрични празнења, силен ветер и појава на град), како и повремени освежувања на времето.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki