НЕВРЕМЕТО ОД РЕГИОНОТ ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: Следните денови ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси
Утре како и во среда кај нас атмосферата ќе биде доста нестабилна, па така на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, силен ветер, елелктрични празнења и појава на град.
Граѓаните се советуваат во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи, со цел да ги заштит.
Што се однесува пак до температурите на воздухот, понатаму истите ќе бидат тиоични за овој дел од годината, или околу просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]

by