НЕВРЕМЕТО ЗАПОЧНА ВО МАКЕДОНИЈА – ВНИМАВАЈТЕ ДЕНЕС, МОЖНИ СЕ ОПАСНИ ВРЕМЕНСКИ ПОЈАВИ
Уште во текот на ова претпладне територијата на Македонија е зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса, која особено во западната половина условува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но ова е само почеток.
Во текот на денешниот ден во Македонија можни се ОПАСНИ МЕТЕОРОЛОШКИ ПОЈАВИ, како интензивен пороен дожд, локални поплавувања, олуен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Нашата територија се наоѓа под изразена циклонска активност па токму таа го условува ова многу нестабилно време кај нас. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и од денес ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.
Во ваква ситуација, граѓаните да бидат крајно внимателни, особено во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така во следните два, до три дена локално се очекува ГОЛЕМО количество на воден талог кое може да надминува и 60 л/м2.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза

by