НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН ВО ДРЖАВАВА: ИЗМЕРЕНИ 33°C – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО ВАШЕТО МЕСТО
Нашата територија се наоѓа под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка.
Истата услови температурите на воздухот да бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени. Особено топло беше во текот на вчерашниот ден кога во поголем дел од државава температурите на воздухот се искачија до 30 степени.
Измерени температури по градови: Охрид 28°C, Тетово 29°C, Скопје 30°C, Берово 30°C, Прилеп 30°C, Струмица 31°C, Виница 32°C и најтопло вчера беше во Битола каде температурата на воздухот се искачи дури до 33°C.
Како што најавивме, осетно опаѓање на температурите на воздухот кај нас ќе имаме од четврток.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]