НАЈСИЛНИОТ ТОПЛОТЕН БРАН КАЈ НАС ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА: ПОНАТАМУ МОЖНИ СЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 46°C

објавено на:

30 Јул 2021

од:

сподели:

Нашата територија, но и цела југоисточна Европа се наоѓа под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Овој воедно е најсилниот топлотен бран кај нас во последната деценија.

За време на продолжениот викенд, како и во текот на следната седмица останува сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО, повремено со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец и истиот повремено ќе засилува.

Особено изразен ветер ќе имаме во понеделник, особено  од пладневните часови па натаму и истиот ќе биде доста врел.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, не се исклучува можноста во најтоплите предели истите да се искачат дури и до околу 46 степени, особено во понеделник. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

И понатаму во следните денови од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука, Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм – @slavchopoposki !







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]