Од следните часови па се до вторник нашата територија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност и на влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе условува врнежливо време.
Ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застепени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Поинтензивни процеси особено се очекуваат во западните, југозападните и северните предели.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.
Доста нестабилно време се очекува и во Скопје и околината со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурата овие денови во Скопскиот регион ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 33 степени.
НАПОМЕНА: Локално обилните врнежи за релативно кратко време кој се очекуваат во следниот период може да условат зголемување на нивоата на реките и езерата во Македонија, особено во западните, југозападните и северните предели.
Можно е излвање на помалите реки, па затоа доколку граѓаните се движат и тоа особено со автомобил во близина на реките да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Исто така граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и во случај на појава на НЕВРЕМЕ.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука