НАЈНОВО ВОНРЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И УТРЕ ПРЕТПЛАДНЕ ОПАСНОСТ ОД ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА
Големиот циклонски систем веќе навлегува од запад во нашата територија, во западните предели веќе има врнежи од дожд кој локално се поинтензивни.
Во текот на претстојната ноќ ио утре претпладне врнежи ќе има насекаде и ќе се интензивираат со што локално истите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер (над 80 км/ќас) и од југоисточен правец.
Не се исклучува можноста и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со град и олуен ветер. Поради падот на температурите на воздухот и заладувањето, на високите планини (над 2000 метри) не се исклучува можноста врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег.
Во следните 12 до 15 часа локално, и тоа особено во западните предели локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 50 л/м2) со што има можност и за локални поплавувања поради тоа што обилните врнежи се очекува да паднат за релативно краток период.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, особено возачите и тоа доколку се движат покрај помалите реки низ државава!
За нови, подетални и по потреба обновени метео инфромации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]