НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ПОЈАВА НА МАГЛА И НА НИСКА ОБЛАЧНОСТ ПО КОТЛИНИТЕ И ПО РЕЧНИТЕ ДОЛИНИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Локално ќе има и позначителна облачност додека по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во вечерните и во ноќните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во вечерните и во ноќните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука