НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: НА ПОВИДОК ЦЕЛОСНА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА

Конечно по подолг период со нестабилно време и честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и НЕВРЕМЕ со град кој погоди повеќе делови од државава, на повидок е целосна стабилизација на временската состојба кај нас.

Уште утре и задутре ќе се задржи нестабилно време, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено од пладневните часови па натаму.

Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури и понатаму нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Веќе од четврток, под влијание на стабилна и сува воздушна маса ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со мала локална облачност. Во четврток ќе дува умерен, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Пораст на температурите на воздухот и потопло време се очекува да имаме за време на викендот.

За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука