НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: И ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ СТАБИЛНО И БЕЗ ВРНЕЖИ

И понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса, па така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала, а утре ќе имаме и локална позначителна облачност. Исто така утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Особено во втората половина од оваа недела, и тоа особено во ноќните и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека наутро ќе биде студено со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука