НАЈНОВИ МЕТЕО ДЕТАЛИ: СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ – ОСОБЕНО ТОПЛО ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

објавено на:

02 Дек 2020

од:

сподели:

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во следните денови под влијание на јужно воздушно струење температурите на воздухот ќе бидат во позначителен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југоисточен правец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 

 







Занимливости