НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Пред нас претежно стабилно и суво време со мали исклучоци
До крајот на денов, особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.
Потоа во следните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време, односно времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност која локално ќе биде и позначителна. Локално во североисточните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд, и тоа особено утре попладне и навечер. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, со исклучок на Беровскиот регион каде истите можно е да се спуштат сосема малку под нулата.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23, 24 степени во најтоплите предели од државава.
И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно и суво време со максимални температури кој ќе се искачуваат до околу 18 степени.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]