НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПОЛАРНИОТ БРАН КОЈ ЈА ЗАФАЌА ДРЖАВАВА
Продолжува периодот на претежно стабилно и суво време, но под влијание на значително постудена воздушна маса која ќе продре од север, денес попладне и утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено Долж Повардарието.
Исто така утре ќе има позначителна облачност а особено на планините локално ќе провејува слаб снег. Максималните дневни температури за време на викендот ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека наутро, особено во недела и во понеделник истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, во Беровскиот регион температурата на воздухот се очекува да се спушти и под -10 степени.
Во Скопје и околината продолжува периодот на претежно стабилно и суво време, денес попладне и утре ќе дува умерен до засилен северен ветер а температурата значително ќе се намали и максималната дневна за време на викендот се очекува да се искачи до околу 7 степени, минималната пак се очекува да се спушти во интервалот од -6 до -1 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]