Територијата на нашата држава е се повеќе под влијание на студениот бран кој се спушта од Арктикот. До крајот на денов и во вечерните часови, особено во западните предели ќе има повремени слаби врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините истите ќе бидат само од снег. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.
До утре наутро, температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степен, исто така студени утра ќе имаме и понатаму со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под лулата, додека во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат дури до околу -10 степени.
Од утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, што значи продолжува сушниот период во Македонија, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена, повремено и позначителна облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, што значи дека ќе бележат тенденција на незначителен пораст.
Во следниот период, исто така по котлините и речните долини ќе започнат да растат условите за појава на магла и на ниска облачност.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука