Нашата територија и понатаму ќе се задржи под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса која ќе условува претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена облачнност која локално повремено и ќе се зголемува. Исто така ќе има услови за сосема ретка појава на слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени во најтоплите предели од државава.
Пад на температурите на воздухот за неколку степени се очекува од четврток.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука