Денес времето во државава ќе се задржи сончево со мала локална облачност, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени
Во Скопје претпладнево ќе има услови за појава на магла, додека во текот на денот ќе биде претежно сончево со мала облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Потоа утре во текот на денот ќе има повеќе облачност и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон среда ќе има повремен локален дожд а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег. Од среда ќе биде и постудено со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука