НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕН СО ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР
Во овие попладневни часови, најголем дел од територијата на Македонија е под влијание на исклучутелно нестабилна и влажна воздушна маса од северозапад.
Времето е нестабилно со пороејни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер а регистрирана е и локална појава на град, како што е пример Скопскиот регион. Понатаму ќе продолжи нестабилното време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи а локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Од утре, како што и најавивме следува стабилно, суво, сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Ќе има и мала до умерена локална облачност.
За нови, и по потреба обновени информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]

by