НАЈАВА ЗА СТУДЕН БРАН И ЗА ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ОД НАД 60 КМ/ЧАС

објавено на:

12 Дек 2020

од:

сподели:

Почнувајќи од утре попладне и во вечерните часови најпрвин Долж Повардарието, а во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец што ќе биде најава за спуштање на постуден воздух од север. Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд а на планините ќе провејува слаб снег. Максималните температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во понеделник истите ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Во вторник ќе имаме намалување на облачноста и времето ќе биде претежно сончево, додека од среда ќе има повремено умерена локална облачност, ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко со што по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

Од вторник температурите на воздухот ќе бидат во мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во местата со магла и ниска облачност ќе остане постудено.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]