До крајот на денов, како и утре времето во државава ќе биде променливо облачно, утре со повеќе сончеви периоди додека во текот на утрешната ноќ како и во четврток, особено во западните и југозападните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен интензитет а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува.
Потоа следува период на стабилно, суво и значително посончево време. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат малку пониски во следните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Минималните температури, особено од петок ќе бидат значително пониски и тоа поради поголемото разведрување на времето и истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука