НАЈАВА ЗА КОНЕЧНО ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО: ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД ПЕТОК, 6 АВГУСТ
Според најновите анализи со кој располагаме ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО време со температури над просекот за овој дел од годината ќе се задржи се до четврток, а од петок се очекува пад на температурите на воздухот за 5 до 7 степени, и тоа особено во северната половина од државава.
До тогаш температурите нема многу да се менуваат и особено Долж Повардарието и на југоистокот ќе се искачуваат до околу 43 степени, со исклучок на утрешниот ден кога температурите локално можно е да се искачат дури до околу 45 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но од утре па натаму ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Услови за локална нестабилност во попладневните часови ќе има во четврток. – Понатаму следуваат нови и обновени информации околу освежувањето!
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]