НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР ОД ЈУЖЕН И ОД ЈУГОИСТОЧЕН ПРАВЕЦ: БРЗИНА НА ВЕТЕРОТ И НАД 80 КМ/ЧАС

Денес како и во следните денови времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд а на планините ќе провејува снег. Повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во текот на ноќта среда кон четврток како и во четврток претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На некои места повремено ветерот ќе биде и СИЛЕН со брзина од над 80 км/час. Температурите на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта среда кон четврток како и во четврток, особено претпладне ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура како денес, така и во следните неколку денови ќе се искачи до околу 11 степени.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со умерена локална облачност, особено во западните предели. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -3 до 4 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука